СОЗДАВАЊЕ ЦВРСТА СЕМЕЈНА ВРСКА

Патување со вашето бебе

Се подготвувате за вашето прво семејно патување? Имајќи предвид колку неред настанува на дневна основа грижејќи се за бебето, патувањето со него може да се чини обесхрабрувачки. За среќа, со само неколку едноставни совети може да го намалите тој стрес. Дозволете му на бебето да го диктира темпото и испланирајте го патувањето така што ќе се придржувате до вашата рутина колку што е можно повеќе.

СЕМЕЈСТВО ВО ДВИЖЕЊЕ

Доколку сакате максимално да уживате во вашето семејно патување, очекувајте дека вашето бебе ќе ги диктира темпото и распоредот. Но, успехот се крие во подготовките. Затоа испланирајте ги сите детали однапред, од пакувањето храна, сè до облеката и целата опрема. Не заборавајте дека покрај сето ова треба да имате и кутија за прва помош. Следуваат неколку совети што ќе ви помогнат:

  • Доколку сè уште доите, тогаш храната за вашето бебе е загарантирана! Но понесете повеќе вода со вас бидејќи доењето ја зголемува потребата за внесување течности во организмот, а патувањето знае да ја зголеми жедта. Доколку користите млечна формула, користете вода од шише при подготовката на бебешката храна или, пак, набавете веќе подготвена млечна формула во картонско пакување.
  • Бебешките влажни марамчиња се неопходни при патување бидејќи не само што се одлични при менувањето пелени туку се и од огромна помош за одржување на личната хигиена намалувајќи го ризикот од заразување со бактерии и пренос на инфекции.
  • Ако користите јавна маса за преоблекување на вашето бебе, марамчињата се вистинска помош за чистење на површините пред и откако ќе ја смените облеката на вашето бебе.
  • На тримесечна возраст, вашето бебе, најверојатно, сè уште спие во носач за спиење или во колепка, која може лесно да се спакува. Но, ако веќе спие во креветче, би било добро да се обидете да го навикнете вашето бебе да спие во креветче за патување неколку дена пред да тргнете на пат.
  • Планирајте повеќе паузи за да се одморите и вие и бебето.
  • Не треба да го носите вашето бебе на патување со брод. Ваквото патување може да почека додека бебето не биде доволно старо за прописно да носи спасувачки елек. Кога веќе ќе дојде моментот за патување со брод, вреди да инвестирате во елече бидејќи не секогаш можете да изнајмите елече што ќе одговара.

Доколку имате одредени грижи или се двоумите за патување со вашето бебе, консултирајте се со вашиот матичен лекар или побарајте совет од стручно лице. Уживајте во ова прекрасно поглавје од животот и доколку ви е прв одмор со вашето бебе, не заборавајте да направите многу фотографии за семејниот албум.

Consimțământ Cookie-uri